Astronomija
 Насловна  Астроучилница  Вести  Статии  Линкови  Форум  За нас
 
Планети  
Транзит на Венера
13.05.2004

По повод транзитот на Венера, како исклучително ретка астрономска појава, на 8 јуни Скопското Астрономско Друштво ќе организира бесплатно набљудување за граѓаните на град Скопје. Телескопите и опремата на друштвото ќе бидат поставени на кејот на реката Вардар, близу до Камениот Мост, од 7 до 14 часот.

Бидете и вие дел од овој астрономски хепенинг.

 

Како увертира на јавното набљудување, Скопското Астрономско Друштво ќе организира и бесплатно предавање за транзитот и неговата значајност, во понеделник (07.06.2004) во 20:30 часот во просториите на Електротехничкиот факултет во Скопје.

 

Набљудувањето го овозможија:

 

 

 

 

Пивара Скопје

 

 

MagnaPrint

design, repro & digital printing

 

 

 

 

 

 

KingBurger

 

А сега да видиме што е тоа транзит и зошто е толку редок:

 

Што е тоа транзит на Венера?

                                                      

 
затемнување на Сонцето
Зборот транзит претставува пренос на стока од едно место на друго, но во астрономијата претставува премин на едно небесно тело пред некое друго (ова се однесува само за телата во Сончевиот систем). Така, познати се транзитите на сателитите на Јупитер, кои во еден момент можат да се најдат зад, а во друг пред дискот на Јупитер - во тој момент имаме транзит на јупитеровите сателити над дискот на планетата Јупитер. Една од најспектакуларните и најпознатите транзити е транзитот на Месечината пред дискот на Сонцето, но таа е позната под името затемнување на Сонцето или еклипса на Сонцето (десно).
Во моментов не интересира транзитот на внатрешните планети (Венера и Меркур) пред дискот на Сонцето. Во самиот поим “внатрешни планети” се крие и тајната на целиот настан.

положбата на Земјата и Венера за време на транзит

Меркур и Венера во однос на нашата планета се поблиску до Сонцето и затоа во одреден момент можат да се најдат пред дискот на Сонцето, или астрономски кажано, кога една од нив ќе се најде во долна конјукција - истовремено да биде во линија со Земјата. Рамнината по која се врти Венера има наклон од 3,4 степени во однос на рамнината по која се врти Земјата (рамнина на еклиптика). Орбитата на Венера ја сече еклиптичката рамнина во две точки наречени јазли. Кога Венера ќе се најде во еден од тие јазли (а тоа е секогаш во почетокот на јуни или декември), и доколку се погоди тој јазол да се најде точно меѓу Земјата и Сонцето, тогаш од Земјата ќе може да се гледа минувањето на дискот на Венера над дискот на Сонцето. 

Кога?

Тоа е исклучително редок настан и се јавува во парови 8 - 105,5; 8 - 121,5 години. Значи транзит ќе гледаме 2004 година, па потоа 2012 година, па следи пауза од повеќе од 100 години и следната ќе биде 2117 години, во пар со 2125 година. Колку за споредба транзитот на Меркур е многу почест и се случува 13 пати во еден век.

Како да набљудувам?

проекција со помош на телескоп

проекција со помош на двоглед

Најнапред едно многу важно предупредување. Никогаш, ама баш никогаш не го набљудувајте Сонцето без специјални филтри, без оглед на тоа дали набљудувате со голо око или некој инструмент. До колку немате соодветни филтри, а имате двоглед или телескоп, можете да направите проекција на Сонцето и тоа е најбезбедниот начин за набљудување. За повеќе информации околу начините за набљудување и мерките на претпазливост, кликнете тука.

Самиот транзит на Венера се случува во пет фази или контакти. Првиот контакт е моментот кога дискот на Венера и дискот на Сонцето ќе се допрат, и тој момент не е многу интересен затоа што тогаш сеуште ништо не се гледа (без специјални астрономски инструменти). Но од тој момент понатаму дискот на Венера почнува да навлегува во дискот на Сонцето, и моментот кога целиот диск на Венера ќе навлезе во дискот на Сонцето се означува како втор контакт. Третиот контакт е кога Венера ќе се најде најблиску до центарот на дискот на Сонцето, и тој момент се означува како транзит на Венера. Четвртиот и петтиот контакт се аналогни на првиот и вториот, само што тука се работи за излез на дискот на Венера од дискот на Сонцето. Лево горе е дадена точна анимација на минувањето на Венера преку сончевиот диск, со тоа што времето дадено е UT (универзалното време, кое моментално е два часа пред нас)

сончевите пеги

Дискот на Венера во моментот на транзит ќе има големина од 58” (аглови секунди), или речиси една аглова минута, и ќе може да се види без помош на инструменти (но уште еднаш со соодветни филтри за Сонцето). Ќе можете да ја разликувате од сончевите дамки по тоа што таа ќе ја менува својата положба во текот на времето, додека дамките се речиси статични (лево).

 

Кој може?

Цела Европа и поголем дел од Африка и Азија ќе имат можност во целост да го набљудуват овој настан, додека источниот брег на јужна и северна Америка ќе го гледа завршетокот на транзитот, и тоа при изгрејсонце. Јапонија, Австралија и дел од Океанија настанот ќе го гледаат само за време на неговиот почетен дел, при зајдисонце.
За набљудувачите од Скопје целиот настан ќе почне на 8. јуни 2004. година во 07:19:49, а ќе заврши во 13:23:07 часот.
Колку овој настан е важен говори и тоа што ќе го следат голем број професионални астрономи, а една цела армија на астрономи аматери од целиот свет ќе се слеат во областите каде транзитот на Венера ќе се набљудува во целост. Астрономите аматери ќе можат да се вклучат и во меѓународниот проект во организација на Европската Јужна Опсерваторија (ESO), но за тоа повеќе ќе можете да видите на  www.vt-2004.org.
Скопското астрономско друштво ќе го проследи овој настан со јавно набљудување, каде граѓаните и посетителите на град Скопје ќе можат во живо да го набљудуваат целиот настан. Во исто време еден дел од екипата ќе биде задолжен за снимање и фотографирање. За сите активности ќе бидете благовремено известени.
Единствено што ни останува е да се молиме на 8. јуни да имаме сончев ден.

Ведро небо

Митровиќ Радан

Овој запис е прочитан 3175 пати

 
 
Untitled Document
 
-
 

2009 - година на астрономија

Ова космичко пространство од гас, прав и ѕвезди, покрива безмалку 3 степени од небото во насока на соѕвездието на херојот Персеј. Десно од центарот е сината рефлексиона маглина NGC1333, која се наоѓа на 1000 светлински години од нас. Околу маглината гледаме црвенкаст сјај, кој доаѓа од водородниот гас возбуден од енергетските млазеви на честички, емитувани од ѕвездите кои се раѓаат во молекуларниот облак.
Најголемата привидна магнитуда на нова во последно време (од 17 век наваму) била -1,1, забележана како Nova Aquilae во 1918 година. Следната најсветла била Nova Persei во 1901 година со магнитуда 0. Стапката на појавување на нова видлива со голо око во 20-от век била на секои 3 години.
Донирај и добиј!
-
Македонски Star Trek фан клуб
-
Astronomski Magazin (на Спрски јазик)
-
Kumanovski astronomski klub - Kokino

 

-
Актуелно  
XII Зимска школа по астрономија - повик за пријавување
07.02.2010
Во рамки на Школата ќе биде одржан и Републичкиот натпревар по астрономија...
 
Меѓународната година на астрономијата 2009 во Македонија - последни зборови
01.02.2010
Да се потсетиме во што сѐ се впушти САД со цел што поуспешно да ја претстави идеата за МГА2009 пред јавноста...
 
Изложба на астрофотографии по повод затворање на Годината на астрономијата
21.01.2010
Би ни било драго доколу на 4-ти февруари присуствувате и го збогатите овој целовечерен астрономски настан...
 
  © Скопско астрономско друштво kontakt@astronomija.com.mk